Движењето БЕСА е за што поскоро одржување на парламентарните избори, рече лидерот и градоначалник на Тетово, Билал Касами.
Според него, во коалицијата „Европски сојуз за промени“ каде покрај БЕСА се и Алтернатива и Демократското движење, се разговара за претседателски кандидат на државата, но се уште не се спомнува конкретен предлог, ниту нечие име.
Како што истакна Касами на Сител, гласачите и членството на Алијанса за Албанците се определени како опозиција и сакаат да бидат дел од промените на претстојните избори, па останува, нагласи тој, раководството на оваа партија конечно да ги слушне своите структури.
-Последниот извштај на Европската комисија е дополнителен доказ дека се потребни што побрзи избори. Оваа Влада навлезе длабоко во коруптивни процеси и не ја интерсира ЕУ. Цениме дека што побрзи избори би биле спас за државата и за евроинтеграцискиот процес – рече тој.