401
Билал Касами со поголема придружба на свои приврзаници денеска успеал да влезе во седиштетото на партијата БЕСА во Скопје лоцирано во трговскиот центар Мавровка.
Биљал Касами, предводникот на Беса кој беше разрешен од страна на скопскиот огранок вчера пријавил во полиција дека не може да влезе во седиштето.
Касами известил дека три часа бил спречен да влезе во просториите на партијата од страна на членови на обезбедување, кои тој не ги познавал.
Дел од членството бара Касами да ја прифати одговорноста за поразот на локалните избори на кои и тој директно загуби во трката за градоначалник на Тетово. Исто така оставка од позицијата потпретседател си поднесе Зекирија Ибраими кој ја загуби трката за градоначалник на Чаир.