814
Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи не се појави на денешната седница во Собранието за гласање на недоверба на Владата, а првиот човек на партијата, Билал Касами има свои сомнежи.
„Не сум контактирал денеска со Реџепи. Имам право да се сомневам дека против своја волја е држен негде да не дојде во Собранието. Беса останува на ставот да биде срушена оваа власт, а овој момент со Реџепи е показател дека власта се обидува на секаков можен начин да остане во својата позиција“, порача Касами денеска пред Собранието.