389
Градоначалникот на Општина Тетово,Биљал Касами на денешната прес-конференција истакна дека нето-долгот на Општината е намален за околу еден милион евра.
Па така, истиот сега изнесува околу 13 милиони евра.
„Наследивме општина оставена во хаос, со куп проблеми, блокирана сметка и 24 милиони евра долг не сметајќи ги овде и казнените камати за долговите кои се на извршител. Само на име казнена камата, во текот на оваа година извршителите од Општината изнудиле близу еден милион евра“, рече Касами.