Касами: Се надеваме дека корона вирусот нема да ги одложи избори

by Фокус

На координативен состанок во владата разговаравме за ситуацијата со коронавирусот, која се надеваме дека нема придонесе да се одложат изборите, рече лидерот на БЕСА Биљал Касами.

-До 24 се забрануваат секакви активности со поголеми групи на граѓани, но се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и се надеваме дека нема да дојде до ситуација да ги одложиме изборите – рече Касами.

Тој додаде дека БЕСА во меѓувреме ќе ги користи другите можности за комуникација, со цел, како што рече, да ги пренесат нивните идеи.

Поврзани новости