Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и странски политичари не се во интерес на граѓаните

by Fokus

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами за писмата кои Али Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари оцени дека не се во интерес на граѓаните.

Касами му порача на Ахмети да работи на реформи во неговата партија ДУИ.

– За жал Али Ахмети не работеше во интерес на граѓаните ниту кога беше во власта, ниту сега кога е во опозиција. Тој место да работи во реформирање на неговата партијата и да се спреми за следните избори, како што имаше доволно време кога беше дел од власта, за да се занимава со работи кои не беа негови, наместо да работи за граѓаните и сега во опозиција наместо да се занимава со работи кои се својствени за опозициона партија, тој има време за жал да пишува писма. Во време кога тој пишува писма ние реализираме проекти во интерес на граѓаните и на локално и на централно ниво – истакна Касами од Тетово.

Според него, статусот на Албанците не е загрозен, како што вели Ахмети во писмата.

– Го уверуваме и Ахмети и сите граѓани во оваа држава дека нема има уназадување на правата на Албанците и ние како коалиција ќе работиме за подобрување на животот на сите граѓани и за нас е важно Македонија да оди напред и меѓуетничките односи но и правата на сите граѓани и животот на сите граѓани да биде унапреден. Со тоа ние на дела покажуваме дека работиме во интерес на граѓаните, рече Касами.

Поврзани новости