669
Лидерот на Движењето Беса, како и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами беше гостин во Вестите на ТВ21, каде децидно посочи дека Беса не е дел од Владата. Според него, оваа Влада мора да падне.
„Другите пратеници на Беса ќе гласаат за рушење на оваа Влада. Актуелното владино мнозинство нема 61 пратеник. Пратениците на Беса имаат притисоци од режимот. И Кастриот Реџепи има притисок. Тоа ќе го докажеме кога ќе падне овој режим“, вели Касами.