Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами истакна дека се потребни предвремени парламентарни избори и е против евроинтеграциите на Османи и Груби.
-Сигурно сме против евроинтеграциите кои ги води Османи и бандата на Груби. Затоа што тие интеграции не одат напред кон ЕУ туку одат напред кон корумпирана власт и одат напред кон власт која не работи во интерес на граѓаните и забрзување на процесот на евроинтеграции туку оди назад. Целиот ангажман на групата на ДУИ во Владата е како тие да се збогатат, а не како да се оди понапред со процесот на евроинтеграции. Но за жал нивните усти се полни со евроинтеграции, а во реалноста секојдневно работат да нашите млади бегаат во Европа, е не ние како држава да бидеме интегрирани во ЕУ, изјави Биљал Касами.