Касами: Не сум изненаден од Реџепи

by fokus

Во Собранието предмалку стигна и претседателот на Беса, Билал Касами, а пред него дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„И јас немам информации што точно се случува. Тука сум за да видам што се случува“, рече Касами на прашањето на новинарите што се случи со кворумот од 61 пратеник.

На прашањето пак дали е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, Касами рече:

„Не, од ништо не сум изненаден“.

Во меѓувреме пак пратеникот Димитар Апасиев побара уште еден час пауза, барајќи претседателот Талат Џафери да се врати во салата и тој да ја води седницата.

Претходно пак Реџепи не се појави на седницата и објави фејсбук статус дека нема да гласа за недоверба на Владата.

Поврзани новости