613
Лидерот на БЕСА Билал Касами денеска избегна одговор дали неговата партија останува во Владата или ќе остане ставот за формирање на ново парламентарно мнозинство.
Одговарајќи на новинарско прашање, Касами денеска во Тетово единствено рече дека треба да го среди проблемот со отпадот во градот.
Беса одлучи да ја промена страната откако Државната изборна комисија прифати приговор на ДУИ за прегласување во тетовската општина Желино, но Управниот суд вчера ја прифати жалбата на Беса против одлуката на ДИК.