794
Под слоганот „Можеме” денеска носителот на изборната единица број шест на коалицијата предводена од СДСМ, Билал Касами, ја почна предизборната програма од регионот на Зајас.
-Движењето Беса излезе на политичката сцена како потреба за да се разбие биномот ДУИ и ДПА кои суштински ништо не измениле во положбата на Албанците во нашата земја. Ние влеговме во оваа коалиција бидеќи веруваме и убедени сме дека ќе успееме со нашиот слоган „Можеме”. Политичката и економската рамноправност во оваа земја е можна – рече Касами.
Тој изрази убеденост дека коалицијата на СДСМ и БЕСА ќе освои најмалку 61 пратеник и на тој начин, како што рече, ќе ја реализираат ветената програма.