Касами на билборд го објави долгот што го наследил од Арифи

by fokus

Билоборд со напишана сума од 24.018.222 евра е поставен во Тетово. Него го вети и го намести актуелниот градоначалник Билал Касами, а бројките се долгот кој општината го имаше во моментот кога ја презел функцијата од градоначалничка Теута Арифи.

Новиот градоначалник Касами, неодамна соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра.

Како што соопшти тој, општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.

Фото: Газета експрес

Поврзани новости