444
Али Ахмети пред вечерашната средба со Еди Рама во Тирана за ТВ 21 рече дека смешно е тврдењето на БЕСА дека ДУИ се обидува да се спаси преку Рама и порача дека неговата партија веќе 20 години е успешна.
На оваа изјава реагираше лидерот на БЕСА, Билал Касами кој преку Фејсбук статус го потсети Ахмети дека двапати ги победиле во Тетово.
-Да, оваа БЕСА, со оваа политичка сила ве победи двапати по ред во главниот град на Албанците во Македонија- Тетово. Овој пат никој не може да ве спаси од пораз на следните избори, кога и да се одржат, порача Касами.