595
Градоначалникот Билал Касами тврди дека поради неплатени долгови кон разни фирми, извршителите имаат наплатено од Општината вкупно 600 илјади евра, додека за извршување доспеваат уште приближно 7 милиони евра.
„Претходната локална власт во Општина Тетово склучила 340 двегодишни договори со операторот А1 за користење телефонски услуги, додека 20 телефони од марките „ајфон“ и „самсунг“ по цена од околу 1.000 евра се поделени на семејствата и на блиски луѓе на поранешната гарнитура на Општината“, тврди Касами.