Претседателот на БЕСА, Билал Касами во интервју за телевизија Алсат откри дека неговата партија ќе може да соработува со „Огнените“ само ако тие се отцепат од ДУИ и формираат своја партија.
-За нас ќе биде добредојдено ако „Огнените“ конечно решат да се отцепат од ДУИ, да формираат политичка партија. Потоа, да седнат заедно со нас и да се направи проширена опозициска коалиција, од нив, со Алтернатива, со други партии, со други политички групи, како и со интелектуалци и други форми на опозициски фактори од граѓанскиот сектор. За тоа ние сме заинтересирани и ние сме подготвени да ѝ подадеме рака за соработка на секоја политичка сила за која проценуваме дека ќе има поддршка меѓу албанските гласачи. На таков начин ќе им понудиме аргументи на гласачите дека сме ги надминале суетите и разликите и дека сме подготвени да формираме победничка сила. Таќа ќе им пружиме гаранција на гласачите дека нивниот глас на изборите нема да биде залудно даден, рече Касами.