531
Партијата БЕСА на Биљал Касами ја одбила понудата на Алијансата за Албанците на Зијадин Села за трипартитна коалиција, бидејќи оценила дека понудала е несериозна и навредлива, истакна портпаролот на АА Флакрон Беџети.
-Ние, како политички субјект, бевме заинтересирани за трипартиска коалиција, но меѓутоа Движењето Беса досега ја одбиваше нашата понуда, која беше сериозна, амбициозна. Таа понуда имаше за цел да ја промени ситуацијата кај албанскиот политички блок, но меѓутоа тоа не зависеше само од нас – рече Беџети.
Тој додаде дека сакал да ги приближи БЕСА и Алтерантива кон еден столб кој ќе го порази ДУИ.