Билал Касами од движењето БЕСА синоќа во тв гостување рече „не може да спроведеме `ветинг` со корумпирани судии и обвинители“.
Коментирајќи го излезот на ДПА и Мендух Тачи од Европскиот Фронт, тој рече дека тоа е почеток на распадот на тој фронт.
– Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот – рече Касами.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени со внесување на Бугарите тогаш кога меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД ќе дадат јасен план за интеграциите, што сега засега тој не го гледа.
Вели на ДУИ им одговара сега да започнат некои процеси.
– На ДУИ им одговара сега да започнат некои процеси како што пропагираат, затоа што со ова судство со поддршка од 2% кое е контролирано од ДУИ тие процеси така и ќе завршат. Не може да спроведеме „ветинг“ со корумпирани судии и обвинители – рече Касами.
Според Касами, ДУИ за работите кои ги тангираат Албанците донесе некои закони на погрешен начин кои сега се контестираат од Уставниот Суд, како што е употребата на албанскиот јазик во институциите и „балансерот“.