Касами: Избори оваа есен, сеедно дали премиер ќе биде Ковачевски или Мицкоски

by fokus

Градоначалникот на Тетово и претседател на Беса, Билал Касами во вечерашното гостување на телевизија 21 порача дека според него предвремени парламентарни избори оваа есен се најдобра опција.

-Оваа есен е најдобрата опција за да имаме предвремени парламентарни избори со цел да се стави крај на политичката криза. Идната влада ќе ја има можноста и капацитетот за решавање на сите проблеми вклучувајќи и спорот со Бугарија, порача Касами.

Тој додаде дека нему не му е битно кој ќе победи во македонскиот блок и дали премиер ќе биде Ковачевски или Мицкоски, се додека се исполнуваат нивните барања, бидејќи Беса полагала одговорност пред Албанците.

Поврзани новости