Надлежните органи да излезат со службена информација каде е пратеникот Кастриот Реџепи и дека гарантираат за неговата безбедност, побара предмалку лидерот на Беса Биљал Касами.
Откако Реџепи објави видео дека е добар и дека немал закани, туку лично решил да не учествува на денешната седница за недоверба на владата, Касами изјави:
„Властите да ни кажат дека пратеникот е здрав и жив и друго не е важно. Убедени сме дека ова видео е направено под присилба, зашто е направено во момент кога одам во полиција да го пријавам за исчезнат“.
Притоа, Касами додаде дека власта применува криминални и терористички методи со кои, како што рече, може да дојде до 120 пратеници.
После ова, порача тој, оваа власт е целосно делегитимирана и треба да замине.
Се јави Кастриот Реџепи: На сигурно сум, Касами да не се грижи