Касами и се пожалил на хрватската амбасадорка за опструкциите од ДУИ

by Fokus

Градоначалникот на Тетово Билал Касами оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Македонија Нивес Тигањ на која разговарале за актуелната политичка состојба и можностите за соработка на Општина Тетово со Хрватска.

На средбата Касами ја запознал амбасадорката со новиот состав на советот на општината, но воедно ѝ се пожалил дека ДУИ му прави опструкции и вршел притисок врз општинската администрација. За средбата со амбасадорката и за разговорите со неа Касами објави на својот официјален фејсбук профил.

„На средбата разговаравме за многу важни теми, за актуелната политичка состојба како и за изборот на советот на општината. Ја информирав амбасадорката и за работата што нé очекува како општина. Соработката и координацијата со меѓународната заедница е важна и за градот и за европскиот па државата.

Ја информирав амбасадорката и за притисокот што ДУИ го врши врз локалната власт, особено по поразот на изборите за совет. На средбата стана збор и за можната соработка со опозицијата, како и за хрватско-албанските односи и за можноста за продлабочување на билатералната соработка“, напиша Касами.

Поврзани новости