Што велат Касами и Арифи за можна владина реконструкција?

by fokus

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која е кандидат на ДУИ за уште еден мандат, отфрла секаква одговорност во врска со трагедијата во тетовската модуларна болница. Според неа, тетовската трагедија е прашање на институциите кои треба да ги вршат истрагите.

– Многу важно е целото прашање да е осветли и да се откријат причините. И тогаш беше јасно дека во однос на ингеренциите, рековме дека сите модуларни болници се изградени по законот. Институциите да ги завршат сите истраги како што треба за да не се повтори ова. Се базираме врз основа на официјалните извештаи. Институциите се тие кои овикуваат на одговорност. Одговорено за целата реализација било Министерството за здравство. Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат – рече Арифи на ТВ 24.

Нејзиниот противкандидат од БЕСА Билал Касами смета дека во изборната битка не смее да се профитира на сметка на овој настан. Притоа, тој не ја исклучи можноста за реконструкција по завршување на изборите.

– Во врска со оставките на министерот и заменикот (Филипче и Хасани), ситуацијата е покомплексна и секоја прифатена оставка би ги оставила интитуциите во незавидна ситуација. Во моментот кога ќе завршат изборите, треба да се разгледа оваа ситуација и верувам дека тоа ќе се рефлектира и во изборните резултати. Сите партнери во владата ќе треба да видат каде се згрешиле за да прават комбинаторики во партиите. Ако оцениме дека треба реконструкција, зошто да не? – рече Касами во дебатата на ТВ 24.

Во однос на можна реконструкција, Арифи посочи дека не е момент да се размислува такво нешто во кампања, туку се работи за политичка одлука која секогаш може да се донесе.

Поврзани новости