Движењето БЕСА одбива формирање на тело коешто го најави Алијансата за Албанците, за нов закон за албанскиот јазик. Од Беса велат дека нивниот став е јасен, односно тие ќе му дадат потписи на Зоран Заев, а потоа ќе ги преговараат условите за формирање влада.
Претседателот на БЕСА, Билал Касами останува на ставот дека нема да седне на иста маса со Али Ахмети и дека немаат намера да делегираат членови на телото кое го заговараа на состанокот меѓу ДУИ и Алијансата за Албанците.
Објаснувајќи ги причините за одбивање на поканата за учество на заедничката тркалезна маса на политичките партии на Албанците, Касами дека досегашните средбите меѓу ДУИ и Алијансата за Албанците кои се прават во име на Платформата, повеќе личат на преговори за следна коалиција.
Од БЕСА порачаа дека ДУИ нема право да свикува средба бидејќи тие се виновни за запоставувањето на интересите на Албанците во последните петнаесет години. Сепак, велат дека стојат зад Платформата и ќе ги гласаат точките кога ќе пристигнат во Парламентот.