Претседателството на Движењето Беса на чело со Биљал Касами на првиот состанок за потпретседатели ги избра Кастриот Реџепи и Абдуш Демири, кои се дел од партискиот врв уште од формирањето на партијата се до расколот што резултираше со поделба.
За трет потпретседател е избран пратеникот Фадил Зендели, кој стана генерален секретар на НДП кога партијата ја напушти Руфи Османи и на неговот место дојде Весел Мемеди, меѓутоа Зендели и Мемеди се разделија пред парламентарните избори, кога првиот влезе во коалиција со БЕСА, а вториот со Алијансата за Албанците.
За генерален секретар на партијата, пак, е избран Аријанит Хоџа, кој своевремено беше генерален секретар на ПДП, по што и се приклучи на Нова Демократија на Имер Селмани, за моментално да врши висока функција во БЕСА.
Како што информираат од партијата, на состанокот се избрани и раководителите на секретаријатите што склоп на Претседателството, така што секретар на департамантите е Енвер Салихи, секретар за стратешки политики е Бинас Пајазити, секретар за човечки ресурси и лобирање е Арафат Шабани и секретар за организација е Седат Сулејмани.