Касами е за предвремени избори, но не во актуелната ситуација

by Fokus

БЕСА сака предвремени избори, но ако не е време за тоа, ќе бараме од меѓународните партнери дополнителни механизми за контрола на власта, вели Биљал Касами во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

– Нашата позиција во однос на актуелната ситуација е многу јасна. Ние нема да навлегуваме со барање за избори па да создаваме дополнителни проблеми за државата и граѓаните. Но истовремено наше барање до меѓународните партнери е дека мора да имаме дополнителни механизми за контрола на владата. Ако договориме дека во ситуацијата во која е Балканот поради војната во Украина не е време да се организираат предвремени тогаш мора да се договориме да се создадат тие дополнителни механизми за да се заштитиме од корупција од високо ниво, вели Касами.

Поврзани новости