Лидерот на БЕСА Биљал Касами, кој е носител на заедничката пратеничка листа предводена од СДСМ во шестата изборна единица, во тетовско Теарце истакна дека сите 25 различни партии во коалицијата „Можеме“ се соединиле за иднината на европска Македонија.
-Не напаѓаа опонентите дека сме екстремни, дека сме барале федерализација но ние никогаш не сме залагале за такви вредности, туку цело време сме се залагале за рамноправна држава за сите граѓаните. Длабоко верувам дека разноликоста е нашето богатство, дека треба тоа да го култивираме и дека таа вредност треба ја споредуваме со ЕУ – рече Касами.
Тој додаде дека постои необјавена коалција меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
-Сега ДУИ е во тој правец, кога ВМРО излегува со национал-романтичарски концепт ДУИ се спротиставува со концептот премиер-Албанец. Сепак ДУИ не успеа за 18 години да создаде свој кадар за премиер па го позајми од ПДП – порача Касами.