Касами: Д-р Таравари може да биде многу добар кандидат за претседател за сите граѓани на Македонија

by Fokus

Биљал Касами – претседателот на Движењето Беса смета дека е дојдено време Македонија да има претседател Албанец.

Тој во интервју за весникот „Лајм“ вели дека идеален кандидат за оваа функција е претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

– Многу искрено разговаравме со докторот Арбен, тој дa е кандидат за претседател. Ја знаеме неговата загриженост за овие случувања во рамките на Алијансата. Сметам дека ова треба да заврши, а не да продолжи на ниво на закани и уцени. Во таа насока, посакувам што поскоро да се расчистат сите дилеми во Алијансата и силно верувам дека д-р Арбен Таравари може да биде многу добар кандидат за претседател не само на албанската опозиција, туку и кандидат за кој верувам дека би било прифатлив за сите граѓани на С. Македонија и верувам дека С. Македонија е подготвена за претседател Албанец со целосен политички мандат, а не како симболиките што ДУИ ги понуди за овие 20 години владеење, што кулминираше со оваа техничка влада каде што имаме премиер Албанец, половина влада Албанци, но Албанците се подискриминирани од кога било – изјави Касами.

 

Поврзани новости