Касами бара предвремени избори за да гласа за уставните измени

by fokus

Лидерот на БЕСА, Билал Касами денеска на прес конференција побара предвремени парламентарни избори како компромис за поддршка за уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот.

-Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите и актуелните во делот на интегрирањето и економските и енергетските и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори, рече Касами.

Доколку власта не го прифати нивното барање за избори, Касами најави радикализација.

-Ќе се разгледа можноста од пролет ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори, ќе се разгледаат заедно со другиот дел од опозицијата, албанска, во делот на организирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на превремени избори, рече Касами.

Поврзани новости