41
Албанците нема да пролеваат крв за некој да стане милионер, изјави првиот човек на Движењето БЕСА, Билал Касами, коментирајќи ја изјавата на Али Ахмети дека Албанците имаат уште крв да станат господари на себе.
-Посакувам да биде конструктивна опозиција затоа што принципот што го поддржуваме е дека успехот и резултатите на владата зависат од тоа колку е силна опозицијата. Тие ги имаат бројките, верувам дека ќе имаат и волја да бидат моќна опозиција и од ова ќе зависат нашите резултати во владата. Албанците немаат да пролеваат крв за некој да стане милионер – рече Касами.