Касами: Ахмети бара соработка само кога му е тесно

by Fokus

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами вели дека првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бара соработка само кога има потреба од тоа.

„ДУИ бара соработка само кога им е тесно, само кога се во критична ситуација. И ова искуство беше во 2016 година, кога можеби не секој ден, но на неделно ниво имав телефонски повик или порака од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Но, така беше до средбата во Тирана, додека не ги реши сопствените работи. И од тој момент ја прекина комуникацијата. Сега истото го прави и кога му требаат пратениците на Беса, за да го намали влијанието на „огнените““, вели Касами во интевју за „Click Plus“ на ТВ21.

Тој додава дека е можна соработка со таканаречената „огнена група“, доколку се одделат од ДУИ.

„Имаме комуникација со „Огнените“, сега кога функционираат како фракција, споделуваме исти вредности, и верувам дека може да направиме разлика, но само под услов да се отцепат целосно од ДУИ“, вели Касами.

Според него Алијанса за Албанците ја спасиле владината коалиција и ги спасиле ДУИ од распаѓање.

Касами додаде дека БЕСА има услов за поддршка на уставните измени, а тој услов е терминот „20 проценти“ да се замени со „албански јазик“.

Поврзани новости