Каролина Бјелавска од Полска е новата Мис на светот, која беше крунисана на 70-то издание на познатата манифестација за убавина во Порторико.
Убавицата работела како модел, магистрирала менаџмент, а исто така водела проект за бездомници.
Според информации од страницата на Светската организација МИС, таа секоја недела подготвувала по 300 сендвичи, топли пијалоци и пакети со средства за здравствена заштита, наменети за луѓе кои немаат крв над глава.
Прва придружничка е Мис на Северна и Јужна Америка, Шри Саини, а втора придружничка е Мис Африка, Оливија Јејс.
Македонија и годинава не учествуваше на изборот на Мис на свет, бидејќи сопственичката на лиценцата Лидија Велковска, повеќе од шест години не организира избор поради финансиски проблеми, но и како што во минатото изјави, незаинтересираност за финансиска помош од државата.
Вики Клинчарова