Каролина ќе пее во велешкиот Народен театар ден пред нејзиниот 44-ти роденден: Живот посветен на песната!

by Fokus

Денес започна започна продажбата на влезници за ексклузивниот концерт на Каролина Гочева, кој ќе се одржи на 27-ми април во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Х.К. Џинот”.

Влезниците по цена од 1.200 денари може да се купат онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија, информираат од Авалон Продукција и појаснуваат дека станува збор за театар со мал капацитет, па заинтересираните да побрзале со купување.

Гочева ќе настапи во Велес еден ден пред нејзиниот 44-ти роденден. Таа ја започна музичката кариера не десет-годишна возраст со настап на детски фестивал, а првиот албум „Мамо пушти ме“ го издаде во 1992 година, на 12-годишна возраст. Пејачката по потекло од Битола растеше и созреваше пред публиката, и зад себе има над тридецениски музички стаж.

Нејзината музичка приказна континуирано продолжува да трае, и таа двапати досега ја претставуваше Македонија на Евровизија, и тоа во 2002 и 2007 година.

Концертот во Велес е во склоп на концертите „Први Мај“ а периодов Каролина гостуваше во Скопје, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, од каде доаѓаат позитивни впечатоци.

Вечерва пак, има настап во Куманово, а утре во Охрид.

Вики Клинчарова

Поврзани новости