Големата регионална музичка манифестација МАЦ (Music Awards Ceremony) ќе се одржи на 25-ти и 26-ти јануари во Штарк Арена во Белград, и веќе е потврдено учеството на познати музички имиња од поранешните Југословенски републики.
Од Македонија познато е дека ќе настапат Каролина Гочева и 2Бона, а на листата со учесници се и Рибља Чорба, Петар Грашо, Констракта, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Ацо Пејовиќ, Сара Јо, Халид Бешлиќ, Саша Матиќ и други. Првата вечер водители на настанот ќе бидат Тончи Хуљиќ и Јелена Гавриловиќ, додека пак втората вечер на сцената ќе се појави водителскиот пар Војаж и Мими Мерцедез.
Првата вечер е наменета за поп, фолк и рок музика, додека втората е за изведувачите на модерната алтернативна музика. Влезниците се продаваат по цени од 800 до 1.400 денари, а таканаречената банкет влезница изнесува 2.500 денари. Во публиката се очекуваат гости од целиот регион.
Вики Клинчарова