499
Италијанскиот селектор Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на Бразил. Оваа функција ќе ја извршува од летото 2024 година.
Оваа информација ја потврди претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригес.
Анчелоти ќе го води тимот од летото 2024 година, кога му истекува договорот со Реал Мадрид, а дотогаш на клупата на петкратниот светски шампион ќе биде тренерот на Флуминенсе, Динис.
Анчелоти ќе ја води репрезентацијата на Копа Америка во Соединетите Американски Држави следното лето.
Ова ќе биде прв селекторски ангажман на трофејниот тренер, кој на почетокот на тренерската кариера работеше во италијанската репрезентација. Тогаш беше во стручниот штаб на Ариг Саки на Светското првенство во САД во 1994 година.