Српската турбо фолк пејачка Јелена Карлеуша ќе одржи прес конференција со македонските медиуми, на која ќе ги соопшти деталите за претстојниот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 19-ти октомври во Арена Јане Сандански.
Конференцијата е закажана на осми октомври, а како што открива организаторот, Евент Груп, новинарите ќе можат да ја прашаат Карлеуша за се што ги интересира во врска со најавениот концерт, со кој од Скопје ја започнува својата голема регионална турнеја.
– Концертен спектакл од невидени размери, како дел од турнејата „ALPHA & OMEGA”, со специјални светлечки и видео ефекти, лед скринови, ласери… и бројни еротски кореографии на атрактивните танчарки кои ја придружуваат на сцената, откриваат од организацијата.
Најевтините влезници за настанот се 1.000 денари, додека пак најскапите ВИП пакети, за четири влезници и ваучер за пијалaк се 12.000 денари.
Вики Клинчарова