Карлеуша се пофали со подарокот за Денот на вљубените

by fokus

Српската турбо фолк ѕвезда Јелена Карлеуша се пофали на социјалните мрежи со подарокот по повод празникот Свети Валентин. Таа објави две фотографии од нејзиниот дом, на кои се гледа дека добила илјадници црвени ружи кои се симбол на вечната љубов.

По скандалот со сопругот Душко Тошиќ, кој се најде во центарот на вниманието на балканската јавност, кога фудбалерот доби забрана за приоѓање поради семејно насилство врз пејачката, српските медиуми објавија дека неговата забрана веќе завршила, а парот решил да и даде уште една шанса на љубовта.

-Јелена и Душко се грижливи родители и се трудат да ги заштитат своите ќерки од јавноста. Тие се зрели личности кои недоразбирањата ги решаваат помеѓу четири очи, и покрај се, не станува збор за развод. Ќе и дадат шанса на љубовта – пишуваат тамошните медиуми.

Карлеуша е помеѓу најангажираните пејачки во регионот и е редовна гостинка во Македонија. Со години наназад, на лето има концерти во Охрид, за кои се бара влезница повеќе.

Вики Клинчарова

Поврзани новости