Карлеуша добила шлаканица и го пријавила во полиција сопругот Тошиќ

by Fokus

Во домот на пејачката Јелена Карлеуша очигледно овие божиќни празници не владееше семејна топла атмосфера – таа повторно го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство, овој пат на Божиќ, после 12 часот.

Таа ја известила полицијата дека добила шамар, по што во нивниот дом дошле полицајци од станицата Сава Венец, а иако ѝ била понудена, пејачката одбила медицинска помош.

Службениците на редот излегле на терен и разговарале со неа. Според наши извори блиски до овој пар, пејачката изјавила дека сопругот напрво психички ја малтретирал, ја нападнал, како и дека и ја свиткал раката. Меѓутоа, таа не сакала да биде повикана брза помош или да поднесе пријава против Душко.

 

Ова не е првпат да се зборува за неговата злоупотреба, ниту пак Карлеуша првпат да го пријави Душко во полиција. Пред две години таа го обвини дека психички ја малтретирал, а и тогаш во изјавата стои дека ѝ ја свиткал раката. Тој тоа го негираше и рече дека тоа е само вообичаено и нормално брачно несогласување. Таа подоцна се предомислила и решила сепак да не го тужи.

Ниту тогаш не побарала лекарска помош, а извори блиски до парот потврдиле дека парот се смирил и дека против Тошиќ и овој пат нема да има кривична пријава.

Поврзани новости