Каратистот Павлов во сабота ќе се бори за првото злато на Светското првенство во Дубаи

by fokus

Каратистот Емил Павлов во сабота во 15 часот по македонско време ќе се бори за злато на 65. Светско првенство во карате за сениори во категорија до 67 килограми, што се одржува во Дубаи. Ова е најголем успех во историјата на македонското карате и ќе биде вторпат наш каратист да освои медал на светски натпревар.

Павлов синоќа во Дубаи го посетиле претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците Дарко Каевски, Хисни Исмаили и Бедри Фазли, кои беа во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

– Денеска за моја среќа јас направив историски успех. Првпат Македонија има финале на светско првенство. Каратето е еден од најуспешните и најтешките спортови кај нас, изјавил Павлов за МИА, кој се заблагодарил што Џафери и пратениците дошле да ги посетат репрезентативците во карате.

Македонскиот каратист Павлов во сабота за злато ќе се натпреварува со актуелниот олимписки шампион од Токио Стивен де Коста, кој е повеќекратен европски и светски првак во карате.

Павлов, кој има 29 години, доаѓа од Карате клубот Штип, два пати бил европски првак и два пати освоил бронзен медал, а во 2008 година бил прогласен за спортист на Македонија.

Поврзани новости