1.2K
Легендарниот каратист, Јорго Огненовски, кој успеа да сними неколку филма во Америка, поднесе иницијатива за формирање на политичка партија. Како што вели Огненовски, неговата партија ќе биде граѓанска, народна и ќе се залага за зачувување на уставното име и идентитетот на македонскиот народ.
Огненовски беше независен канидати за градоначалник на Општина Битола на последните локални избори, но не успеа да ги добие гласовите.
За да не звучи како партија чија цел е само зачувувањето на името, Огненовски додаде дека станува збор за нова партија која што од економски аспект е про европски ориентирана и која што ќе се залага за отворање на нови работни места.
Тој исто така додаде дека новата партија ќе се бори против криминалните политики.