Македонскиот каратист Емил Павлов викендот се закити со златен медал во силната Премиер-лига во Салцбург, Австрија, а по враќање во земјата беше примен од директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски.
Каевски притоа нагласи дека АМС стои на располагање за сите потреби на Емил Павлов и ќе ги овозможи сите услови за одржување и подигнување на неговата форма за наредните настапи во Баку и ЕП во Париз на кое се очекува Павлов да обезбеди норма за настап на Олимписките Игри во Токио ова лето.
„Емил е пример како еден спортист треба да се однесува и за нас е еден од најуспешните спортисти во државата“, истакна Каевски.
Павлов во моментно е седми на Европската ранг листа и за олимписка виза му е потребен најмалку бронзен медал на претстојното ЕП од 8 до 10 мај во Париз.