Карате клубот „Макпетрол“ со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

by Fokus

Карате федерацијата на Македонија (КФМ) ги избра најдобрите за 2024 година, а 10 од доделените признанија припаднаа на „Макпетрол“.

На свечена промоција беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата 2024 година. Каратистите на скопскиот клуб и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категории на спортисти.

Во највозрасните категории на сениори прворангиран е Петар Заборски, додека на втора позиција е Петар Спасеновски. Кај помладите сениори (У21), имаше апсолутна доминација на „Макпетрол“. Најдобар е Стефан Стојановиќ, втор е Витомир Трајковски и трет е Данило Божовиќ.

Во женска конкуренција уште едно прво место во помлади сениорки (У21), каде што прворангирана е Јована Мицовска.

Спортистката Викторија Јовановска е трета кај сениорките, а кај кадетите во дисциплината кати Никита Лековски го зазема второто место.

За најдобар тренер во младинска конкуренција, веќе трета година последователно, избран е тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски, и признанието за најдобар клуб во младинска конкуренција му припадна, исто така, на клубот од Скопје.

Поврзани новости