Жена е потешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од с.Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник Негорци.
Во несреќата, како што информира МВР, учествувале четири возила.
-Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, автомобил „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управуван од М.Ќ.(30) од с.Прдејци, автомобил „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управуван од М.Б. (68) од Република Србија и товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото „фолксваген голф“, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.