Карамбол кај Лозово, „мерцедес“ удрил во „тојота“, а „тојотата“ во „цитроен“

by fokus

Едно лице е повредено во сообраќајка меѓу три возила која се случила вчера утрината на магистралниот пат Велес-Штип, кај Лозово.

Според полицијата до судирот дошло откако патничко возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.П. (46) од Штип, удрило во патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (27) од Скопје.

После тоа возилото „Тојота“ удрило во патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. (49) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил А.Г.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Поврзани новости