443
Поранешниот претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарко изјави дека поради лошата состојба во партијата размислува за кандидатура за претседател на ХДЗ.
На одбележувањето на годишнината од акцијата „Бура“ во Книн, Карамарко рече дека сериозно размислува за можноста да застане повторно на чело на ХДЗ поради лошата состојба во партијата, но и поради слабите резултати на изборите за Европскиот парламент.