Професорката, Тања Каракамишева, агитира за бојкот на претседателските избори. Таа вели дека претседателот нема надлежности за поништување на договори како што се Преспанскиот Договор и договорот со Бугарија, поради што е потребна промена на власта. Поради тоа Каракамишева го поставува прашањето зошто да се гласа на претседателските избори.
Нејзиниот коментар доаѓа по повикот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, до граѓаните да излезат да гласаат.
„Новата ВЛАСТ ќе мора да ги ПОНИШТИ Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија.
Тоа согласно Уставот и законите во земјата не може да го стори ниту еден претседател на државата. Ниту сегашниот, ниту кој било иден. Тоа може да го стори САМО УСТАВНИОТ СУД!
Ако идниот претседател на Северџанија НЕ МОЖЕ да направи ништо освен да се помири со судбината и да констатира дека се е неуставно и спротивно на меѓународното право ама што да се прави кога немам никаква надлежност да ги поништам штетните договори следи логично прашање ЗОШТО БИ ГЛАСАЛА за НИШТО?
Зошто да дадам глас за институција која реално не може да ги промени состојбите на терен, а од друга страна со самото излегување на избори ние граѓаните го потврдуваме легитимитетот на новата Франкенштајн творба за која не дадовме наша согласност на референдумот на 30.9.2018 година?
Им требаме само да удриме народен печат на СЕВЕРЏАНИЈА!
ЈАСНО КАКО БЕЛ ДЕН!“, пишува Каракамишева.