Каракамишева за Османи: Човеков е со ноќна мора од професор Каракамишева

by fokus

Професорката Тања Каракамишева му одговори на вицепремиерот Бујар Османи кој денеска изјави дека тој смета дека Законот за јазици не треба да се испраќа на оценка во Венецијанската комисија додека претставник на Македонија таму е Каракамишева.

-Бујар Османи денес на прес-конференција рекол дека законот за јазиците не го пратиле до сега во Венецијанската комисија само затоа што јас сум била таму член?! Човеков со ноќна мора од професор Каракамишева мора да знае дека национален претставник нема право да гласа за мислење на закон што доаѓа од државата од која е испратен претставникот. Епа друже Бујар, знам каде ти лежи маката и болката. Паметните луѓе ги прашуваат паметните, секаде и секогаш! Така ќе биде и овојпат!, напиша Каракамишева.

Поврзани новости