179
По реакциите за тоа што претседателката Гордана Силјановска Давкова не го кажа зборот Северна додека ја даваше свечената изјава во Собранието, се огласи и професорката по уставно право Тања Каракамишева.
Таа го објави членот од каде што Силјановска Давкова ја читаше заклетвата и како што може да се прочита, таму го нема зборот Северна.
„Член 123 од важечкиот Изборен законик го содржи текстот на свечената изјава што Претседателката на Македонија Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова требаше да го каже во својата заклетва, и го кажа, а тој гласи, напиша професорката по уставно право Тања Каракамишева на Фејсбук и во прилог го додаде делот со свечената изјава од Изборниот законик.