1.2K
Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов ја дообјасни својата преходна изјава и рече дека македонските медиуми превртено ја толкувале. Како што вели, тој не се заканил, туку понудил помош како сојузници во НАТО.
-По повод доста превртеното толкување на македонските медиуми, нека објаснат дека тоа што реков е: „ако има потреба можам да испратам инженериски полк да им помогне побрзо да ги тргне тие споменици на кои пишува за „бугарскиот окупатор. Се надевам ќе бидат пречекани како бугарските полкови во 1912,1918 и 1941 година – со цвеќе, леб, сол и духовна музика, порачува бугарскиот вицепремиер.