Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов денеска предупреди дека бугарскиот премиер Кирил Петков се подготвува да направи национално предавство во однос на македонското прашање околу 24 мај.
-Имате одлука на бугарската влада од 2019 година, одлука на парламентот од 2019 година, одлука на Советот за национална безбедност под претседателот од 2020 година, имаше и одлука на Советот во јануари оваа година. Бугарскиот став е јасен: компромиси за темата С. Македонија не се прават додека не се промени политиката на Скопје кон Бугарија, вели Каракачанов.
Тој додаде дека за целото бугарско општество веќе е јасно дека „Кирил Петков не само што не разбира за што се работи, туку има преземено обврски“.
-Во моментов се обидува да направи национално предавство за да го одработи тоа што некој го извади од никаде и го направи премиер на Бугарија. Тоа веќе им е јасно на сите, рече Каракачанов.