Македонија продолжува кон Европската Унија како играч со жолт картон, но Бугарија го држи црвениот, изјави вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов објаснувајќи ја позицијата на бугарската Влада во врска со очекувањата за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.
-Булгарија нема да го стопира стартот на преговори, но тие можат да бидат долги, погледнете ја Турција колку години преговара – рече Каракачанов, пренесуваат бугарските медиуми.
Инаку, од бугарската Влада произлегоа неколку услови кон Македонија. Како што пишуваат медиумите во соседната земја, Бугарија меѓу другото бара од Македонија да ги осуди репресиите, како што велат од таму, кон Бугарите во земјава извршени за време на комунистичка Југославија, да ги поправи учебниците по историја, литература и географија, да ги смени таблите на одредени историски локации и одредени споменици, кои се перцепираат како антибугарски.
Утринава министерката за внатрешни работи, Екатерина Захариева, пред Министерскиот совет, изјави за медиумите дека Бугарија ќе поддржи почеток на преговори со Северна Македонија и за Албанија, но и дека бугарската Влада е против раздвојување на овие две земји. Захариева уште еднаш посочи дека и покрај поддршката Бугарија има поставена јасни услови кон Македонија.