Каракачанов го обезвредни „11 октомври“: Никакво востание немало, во Прилеп четворица хулигани убиваат полицаец

by fokus

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е добро направен, но Скопје не го почитува, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во изјава за бугарски „Фокус“.

-Право на секој граѓанин на Македонија е да се чувствува како Македонец или Бугарин. Оној кој се чувствува како Македонец од никого не бил принудуван да се чувствува како Бугарин. Но тој кој се чувствува дека е Бугарин, е во костец со властите во Македонија кои го принудуваат да си ја смени бугарската свест и да се пише Македонец. Македонската држава, наспроти договорот за добрососедство, продолжува да ја фалсификува бугарската историја, да создава омраза во своето општество против Бугарија, и тоа не можам да го премолчам. А кој е фактот? Фактот е дека по една година откако го потпишавме договорот, го празнуваат 11 октомври – Ден на востанието против „бугарскиот окупатор“. Никакво востание немало. Во градот Прилеп, четворица хулигани убиваат полицаец пред полициска станица, а самиот полицаец е нивен сограѓанин од Прилеп, и татко на четири деца. Тоа ли е востанието против бугарскиот окупатор?“, прашува Каракачанов.

Според него Бугарија не е окупатор на Македонија, туку нејзин ослободител.

-Нашата земја мора да се грижи за кражбата на историјата. Ако Македонија продолжи со овие активности, ќе остане во чекалната на НАТО и ЕУ – додаде лидерот на „ВМРО – Бугарско национално движење“.

 

Поврзани новости